Login
7 работи да ги знаете пред да купите веб хостинг план/пакет

7 работи да ги знаете пред да купите веб хостинг план/пакет

Минатата недела се сретнав со неколку пријатели кои се нови во блогирањето и ме прашаа едно прашање. Прашањето беше ,,Кој е најдобар web hosting prоvider online и кои работи треба да ги знаат пред да купат  web hosting план за нивната страна?”. Почувствував дека треба да напишам статија за тоа. И еве споделувам неколку клучни поенти што мислам дека треба да ги знаете пред да купите web hosting план.

Еве некои битни “особини” што мислам дека твојот web hosting provider треба да ги има:

 

Storage (склад)

Storage просторот е нешто на кое сите треба да му даваме приотитет. Како блогер треба да сме регуларни во прикачувањето ставки на нашиот блог, затоа е битно за блогерите е да имаат добра количина простор за складирање на страната. Ова ни придонесува слободно прикачување ставки и слики на нашата страница. Ако имате статична веб страна со 10-20 страници просторот нема да е голем проблем. Меѓутоа ако си блогер и имаш веб страна каде прикачуваш ставки (текст,слики,видеа) континуирано тогаш треба да побараш website hosting план со неограничен storage простор.

 

Services (услуги)

Мислам дека “земање” webhosting од добро познат hosting services provider би било добро. Затоа што hosting плановите на hosting компаниите се речиси исти и тоа што е битно на крајот се услугите. Преферирам компанија што нуди добри услуги без разлика на чинењето на нивните услуги. Некогаш се случува да “падне” вашата веб страна и покаже ,,Server down etc”. Овој вид грешка се случува поради твоите web hosting providers. А никој не сака страната да му “падне” заради проблеми со серверот. Затоа препорачувам доверливи hosting компании.

 

Bandwindth (сообраќај)

Bandwindth е нешто што го опишува нивото на сообраќај на вашиот веб сајт и ви овозможува да пренесувате податоци во рамките на вашата веб страна. Колку највеќе сообраќај може да добиете и колку податоци може да префрлите на вашата веб страна зависи токму од ова (bandwidth), затоа нека ви биде на ум како важен дел за вашата страна. Ние во host.mk имаме неограничен сообраќај за нашите клиенти.

 

Emails (пораки)

За бизнис страните бројот на пораки е важен, а за блогерите не се важен фактор за одбирање web site hosting план. За блогерите 5 до 10 пораки се доволни и затоа сите hosting компании обезбедуваат најмалку 10 email сметки во нивните почетни планови/пакети. Но, ако станува збор за бизнис страна тогаш ќе мора да го проверите бројот на email сметки што ви ги нуди компанијата.

 

User interface (кориснички interface)

Секоја hosting компанија се обидува да го направи системот на навигација на нивната страна наједноставен за подобро искуство на нивниот корисник. Па така корисниците полесно можат да стигнат до нивните сметки и страници.

 

cPanel access (cPanel пристап)

cPanel е најбитниот дел. Ова е местото каде што може да добиете пристап до сите ваши веб сајт фајлови. Можете да ги најдете сите ваши датотеки на вашиот вебсајт под cPanel на вашата hosting сметка. За да направите било какви промени на вашиот вебсајт морате да ги обновите кодираните фајлови на вашиот cPanel. Само после тоа промените ќе бидат прикажани на вашата страна.

 

Price (цена)

Ја ставив цената последна на оваа листа бидејќи сметам дека е најмалку битна во споредба со работите кои претходно ги споменав (просторот,услугата итн). Нема голема разлика меѓу цените за webhosting плановите кај webhosting компаниите.